Признанието на овој татко ги разбеснил луѓето: “Сопругата и јас се каеме што имаме дете”

Точка

18/03/2019

17:54

3.689

Големина на фонт

а а а

Една реченица била доволна да предизвика војна на интернетот. Одговарајќи на твит во кој родителите биле прашани што научиле по раѓањето на нивното дете, Сем Мекробертс, автор од Сиетл, напишал брутално искрен одговор и предизвикал лавина од коментари.

“Мојата сопруга и јас првобитно сакавме три деца. Добивме едно и по неколку години одлучивме дека едно е доволно. Иако го сакам мојот син, сега се познавам себеси многу подобро и доволно добро ги запознав предизвиците на родителството да можам да кажам дека имањето на дете е веројатно моето најголемо животно жалење”, напишал Мекробертс во твитот кој во меѓувреме го избришал од својот профил. 


Помалку очекувано, не изостанале бесните реакции.

“Зошто би ставиле нешто вакво на јавна платформа каде вашето дете еден ден би можело да го прочита тоа”, го прашал еден татко, додека друг му порачал дека “не мора да сака да биде родител, но исто така не мора да нанесува ваков вид на болка”.

Многумина заклучиле дека неговото признание било болно за читање.

“Не можам да замислам ништо поболно од тоа еден од моите ученици да каже дека нивните родители жалат што го имаат”, напишал еден корисник на Твитер кој и сам неодамна дознал дека ќе стане татко на дете кое ќе го посвои. Освен тоа, му порачал дека “ако не го сака своето дете, знае луѓе кои би го сакале”.


Родителот пробал да се оправда за напишаното, објаснувајќи им на бесните корисници дека проблемот е во тоа што никој не нѐ припрема за сите потешкотии кои доаѓаат со одгледувањето на деца.

“Го сакам своето дете и тој знае дека е сакан. Со него секој ден поминувам часови во игра, одиме во паркови, гледаме емисии... но сѐ на сѐ, без деца би било поедноставно”, заклучил Сем.

Сепак, тоа не ги уверило луѓето.

“Ако ова можете јавно да го објавите и да му дадете на вашиот син веројатност да дознае дека ви е жал поради неговото постоење, тогаш всушност не го сакате својот син”, пишува во еден од твитовите додека други заклучиле дека овој татко е всушност “многу неодговорен и себичен”.




Спонзорирани линкови

Маркетинг