Од Рио преку Рим до Тајланд, Роберт Саздов секогаш знаел да одбере неверојатна локација за видеоспотовите. Човекот кој стои позади најкултните хитови на „Куку Леле“ и „Ластовица“, како и голем дел од македонската музичка историја, во „Еден на Еден“ зборуваше за времето кога заедно со Владо Јаневски, а подоцна и со Панки, ги освојуваа топ-листите.
Саздов ексклузивно ја пушти првата верзија на „Црно тиквешко“, кога Владо Јаневски ја испеа на музиката од „Кучка неверна“. Композиторот потсети и на времето кога го натера Дарко Панчев да испее негова песна, кога фудбалерот беше на врвот на својата кариера. Тој раскажуваше за патувањата и сниимањата низ светот, како и новиот албум на „Куку леле“ кој наскоро излегува во продажба.
Доколку го пропуштивте гостувањето на Роберт Саздов кај Жарко Димитриоски, епизодата веќе е достапна на „Јутјуб“: