Младиот и активен брачен пар Бибер викендот го искористи за уживање во летните радости.
Џастин и Хејли се снимени на една калифорниска плажа каде, секој на свој начин пленеше погледи - тој со многубројните тетоважи, а таа со фантастичното тело.
Во минијатурно розово бикини со топ и танга со змиски дезен, Хејли ја оправда титулата за најсексапилна жена на светот која во 2017 година ѝ ја додели магазинот Maxim. Исто така го потврди големиот тренд на костими за капење за претстојното лето, кој беше популарен и минатото.
Станува збор за ретро долен дел на бикини, а веруваме дека животинскиот дезен кој е еден од најголемите модни трендови оваа година, плажите ќе бидат преплавени со него.
Манекенката изгледот го надополнила со популарниот скранчи стегач за коса, во розова боја и златни алки, кои прават овој изглед да биде уште повеќе шик, па дури и за на плажа.
На парот друштво му правеше и нивното куче Оскар кое стана член од малото семејство кон крајот на минатата година.