Убиецот од Нов Зеланд е главна мета на бандите во затвор: Таму каде што е сместен белците се малцинство...

Точка

18/03/2019

15:23

6.429

Големина на фонт

а а а

Брентон Тарант кој во петокот уби 50 луѓе во нападот на две џамии на Нов Зеланд е главна мета на разни банди во затвор, пренесува “The New Zealand Herald”.

Напаѓачот од Крајстчрч го предупредиле дека во затвор не му се пишува добро, а еден новозеландски безбедносен експерт изјавил дека „Тарант станал главна мета“ после масакрот. Член на една банда изјавил за споменатиот медиум дека „тие имаат пријатели внатре“, што јасно укажува на закана.

„Заканите треба да се сфатат многу сериозно“, изјави криминологот Грег Њуболд кој самиот поминал одредено време во затвор. Тој открива дека во затвори има луѓе на кои што не им се допаѓа тоа што го направил Тарант.

„Верувам дека Тарант ќе биде во многу опасна ситуација. Таму има луѓе кои што се многу лути за тоа што го направи, посебно затоа што е бел расист“, изјави Њуболд.


Според зборовите на криминологот, најголемиот дел од затворениците не се од бела раса, а Тарант таму нема да најде ниту едно лице со кое ќе може да се поврзе. Белците во затворот се малцинство и веќе имале крвави глави. На Јужниот остров постоеле заедници со бели расисти, но ако Тарант биде осуден за масакрот, тој ќе добие доживотна затворска казна и ќе биде сместен во затвор со максимална безбедност во Окленд. Тарант би можел од 5 до 10 години да помине во самица.

„Ако биде осуден, тој ќе биде во самица долго, долго време. Повеќето од времето ќе биде затворен во својата ќелија“, открива криминологот и додава дека со оглед на тоа што постои голема веројатност Тарант да биде убиен во затвор, треба секој контакт со останатите затвореници да се сведе на минимум.


„Повеќето расисти во оваа земја не се како Хитлер, не сакаат да ги истребат луѓето кои не ги сакаат, Азијатите, муслиманите или сите луѓе кои не се бела раса. Тие не сакаат сите да ги убијат“, изјави тој.

После масакрот во двете џамии во новозеландскиот град Крајстчрч каде што уби 50 лица и рани 48 лица, Тарант е уапсен и од тогаш е сместен во специјална установа и се наоѓа под 24-часовен надзор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг