Овој поранешен затвореник поради своето минато не може да обезбеди место за живеење, а старлетата Ким се обидува финансиски да му помогне

Точка

18/03/2019

14:46

2.881

Големина на фонт

а а а

Метју Чарлс пред неколку месеци е пуштен од затвор и оттогаш се обидува да започне нов живот. Меѓутоа, тоа се покажа за многу тешко отколку што се надевал, пишува CNN.

Имено, кога се обидел да изнајми стан во Нешвил, но поради неговото криминално минато Чарлс бил одбиен. Тогаш Ким Кардашијан се понудила да му ја плати станарината неколку месеци однапред, но сопствениците на станот сепак немале милост. 

Чарлс отслужил 21 година затвор поради казнени дела поврзани со дрога, а во јануари на основа на новиот закон на Белата куќа бил ослободен од затвор. Бил благодарен што добил втора шанса во животот и сакал да започне од почеток. Но, сите имале ист ентузијазам. На почетокот на месец март Чарлс открил дека сопствениците на станот кој сакал да го изнајми го одбиле поради неговото криминално минато.


"Кога извршив злосторство, тоа беше во дамнешната 1988 година кога бев многу млад, глупав и кога правев погрешни работи. Тоа беше пред 31 година", напиша на Фејсбук и додаде дека животот и општеството му наметнуваат големи препреки во социјализирањето.

Рекол и дека кров над главата и работа се клучни за секој граѓанин па така и за поранешните затвореници. Тогаш му се јавила Ким Кардашијан која сакала финансиски да му помогне и да започне нов живот. Но, ни тоа не роди плод па Чарлс бил одбиен.

Но, Ким подоцна објави на Твитер дека Чарлс бил одбиен и после нејзината понуда и ги замоли сите станодавци кои би му дале стан на Чарлс да ѝ се јават на е-маил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг