Пукање во Холандија: Изрешетал луѓе во трамвај, има мртви и повредени - полицијата е во потрага по напаѓачот, а над градот летаат хеликоптери

Точка

18/03/2019

12:33

5.606

Големина на фонт

а а а

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени кога непознато лице започна да пука во луѓе во трамвај во Утрехт, Холандија.

Полицијата соопшти дека не се исклучува можноста дека станува збор за терористички напад. 

Нападот се случил рано утринава на периферијата на градот, а полицијата ги блокирала улиците околу местото на нападот.

Холандскиот премиер Марк Руте рекол дека владата формира кризен штаб. Еден очевидец им рекол на локалните медиумите дека забележал четворица мажи пукаат на плоштадот, а потоа побегнале во различни правци.

Антитерористичката единица на полицијата и медицинска екипа се упатени кон местото на настанот.


Напаѓачот побегнал, потврдил портпаролот на полицијата. Таа исто така соопшти дека три хеликоптери се во потрага по него.

Плоштадот околу трамвајската станица е блокиран после пукањето, јавуваат локалните медиуми. Портпаролот на полицијата изјави дека инцидентот се случил во близина на трамвајот на Сквер 24 октомври, кој после тоа бил затворен.

##https://twitter.com/ReclaimEvropa/status/1107595083774341121##



Спонзорирани линкови

Маркетинг