Ова се хулиганите кои упаднале во зградата на РТС со моторни пили: Со месеци шетале со фантомки, а еве кои се тие

Точка

18/03/2019

21:57

9.259

Големина на фонт

а а а

Внесувањето на моторни пили во зградата на РТС предизвика поделени осуди во јавноста, а како дознаваме, нив ги внеле припадниците на организацијата Движење на обединетите фантоми, кои ги предводуваат Милјан Ч. и Миња П.

Тие досега повеќе пати се истакнувале со различни перформанси во кои настојувале да бидат духовити, а овој пат предизвикале страв со своето дивеење со смртоносниот алат. 

МУП соопшти дека поради сомнение дека синоќа внеле моторна пила во зградата на РТС и мафтале со неа пред вработените во оваа медиумска куќа, приведени се М.Ч. (1997) и М.П. (1976).


Како што на Твитер објави адвокатот и претседател на адвокатската комора Владимир Гајиќ, за носењето на моторни пили тие двајца ќе добијат кривична пријава.

"Фантомите одат во кривична, така бара заменикот на ВЈТ Белград", напиша Гајиќ.

##https://twitter.com/fuko_misel/status/1107049311735607302##

Доказ дека со моторните пили мафтале има и на нивната Фејсбук страница на која поставија фотографии од РТС.




Спонзорирани линкови

Маркетинг