Славната глумица без влакна на јазикот: "Да се биде атеист, вегетаријанец и лезбејка во мојот крај е недозволиво"

Точка

18/03/2019

10:51

4.978

Големина на фонт

а а а

Амбер Херд ги изненади многумина кога признала дека е бисексуалка. Поранешната сопруга на Џони Деп јавно проговори за тоа како нејзините родители своевремено ја прифатиле веста дека била во среќна врска со уметничката и фотографка Тасја Ван Ри.

"Јас сум од Остин во Тексас. Мојот татко доаѓа од југот, израсната сум во многу религиозно семејство и тоа е таква околина. Да се биде атеист, вегетаријанец или лезбејка едноставно е недозволиво. Кога на родителите им кажав дека сум среќно заљубена во жена, имаше многу солзи", рекла таа. 


"Не знаеја како да се справат со тоа, бидејќи за нив тоа беше апстрактно и не ја сфатија мојата сексуалност. Со текот на времето нивниот став се промени и ме прифатија таква каква што сум", рекла Херд.


"Всушност немам чувство дека не сум ниту стрејт, ниту геј. Сакам јас кого сакам!", заклучи таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг