Груевски барал да му биде укинат притворот

Макфакс

17/03/2019

10:56

2.810

Големина на фонт

а а а

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби за определниот пртивор во предметите на СЈО, откако избега. Ова го покажа седмиот шестмесечен извештај кој го објави специјалното јавно обвинителство.

Во извештајот на СЈО пишува дека Груевски преку неговите адвокати се жалел до второстепениот суд дека му е определен притвор во предметите: „Траекторија“, „ТНТ“ „Насилство во Центар“ и „Талир 2“. На Груевски во овие предмети, освен во „Талир 2“, му се суди во отсуство.

„Постапувајќи по изјавената жалба Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 15.01.2019 година жалбата на обвинетиот Никола Груевски изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а решението на Основниот суд Скопје I Скопје го потврди“, пишува во извештајот за една од одлуките.

За некои од жалбите на Груевски скопска Апелација сe` уште се нема произнесено. Сите останати жалби на Груевски судот му ги одбил, а негативно мислење за жалбите дало и СЈО.

На 13 ноември 2018 година, беше распишана меѓународна потерница, откако меѓу 9 и 10 ноември, Груевски избега кон Будимпешта. Пратениците во Собранието со 62 гласа „за“ на крајот на ноември лани изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Поранешниот премиер е осуден на 2-годишна затворска казна за притивзаконито влијание при набавката на луксизниот „мерцедес“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг