Таа е новата Адријана Лима: Барбара е новиот ангел на местото на славниот модел кој заминува во пензија

Точка

16/03/2019

16:25

5.977

Големина на фонт

а а а

Сега и официјално, најновиот ангел од редовите на Викторија Сикрет е Барбара Палвин.

25-годишната Унгарка веќе и претходно настапуваше за модните ревии на познатата куќа, рамо до рамо со Тејлор Хил, Кендис Свонпул, Алесандра Амбросио и останатите убавици. 

Таа доаѓа како замена за Адриjана Лима која за последен пат настапи за брендот во ноември 2018 година. Палвин ја објавила веста на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека е “горда што ја претставува Унгарија”.

Секако нема да биде лесно да се замени најпопуларната манекенка на Викторија Сикрет, но и прекрасната Барбара има свои адути.





Спонзорирани линкови

Маркетинг