Вера Мештеровиќ домаќинка на 20-тиот Виенски бал

Точка

16/03/2019

12:24

6.089

Големина на фонт

а а а

Почитувачите на виенската култура и традиција јубилејно по 20-ти пат ќе имаат можност да танцуваат на музиката Штраус облечени во свечени тоалети, костуми, униформи, фракови и да ги вкусат захер тортата и виенската шницла вечерва во хотелот Александар Палас како дел од Виенскиот бал.

Годинава дел од средствата од продадените билети и средствата од доброволната лотарија се наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“. По тој повод разговараме со Вера Мештеровиќ по подолга пауза се враќа активно во јавниот живот, а вечерва е домаќинка на балот.

Си била некогаш во улога на водителка?

- Имам одамна едно искуство на ТВ снимено едно интеревју со фризер. Инаку да водам манифестација како оваа не. Прво искуство ми е.

Си била ли како гостинка на балот во Скопје?

- Сум била на други балови вон нашата држава, на Винескиот бал во Скопје сум за првпат.

Што е предвидено на прогарамата на балот за оваа година?

- И овојпат свеченото отворање на Виенскиот бал во Скопје го започнуваме според традицијата на Виенските балови, со звуците на Штраусовата Полонеза. Ќе ги видиме танчерите на танцовиот клуб Прима Данца и членовите на Јохан Штраус оркестарот под диригентство на Бисера Чадловска. Ќе настапат о Џез Биг Бендот на здружението на џез музичари и слободни уметници: Арт Бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо, Лина Авшар. Солистите на Балетот при Макеодснката опера и балет Саша Ефтимова и Ендру Кук, како ексклузивните гости танчери од танцовата школа Елмајер од Австрија. Ќе се танцува на валцери, но и на светаки евергрини и на макеодснки хит рефрени!

Кој е дизајнер на твојата креација?

- Ќе носам фустан на Златко Јовановски.

За што ќе бидат наменети сретствата годинава?

- И оваа година Виенскиот бал е во служба на хуманоста. Годинава дел од срествата од продадените билети и сретсвата од доброволната лотарија се наменети за Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.

Го обожаваш ли вкусот на захер торта?

- Не сум по благите работи.

Што правеше Вера додека беше отсутна од јавниот живот?

- Бев посветена на мајчинството, секој период во животот си има свои приоритети. Децата беа мали и повеќе бев посветена на нив, сега веќе се подпораснати па се вратив и на работните обврски.

Како дојде до соработката со Владо Јаневски за спотот каде и тој се појавува после подолго време?

- Режисерот Дарио Јанковиќ кој го изработи спотот на Владо Јаневски го запознав при наша соработка за друго видео , па така се јави и ми предложи да бидам во новиот спот. Идејата ми се допадна и го снимив спотот .

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг