Франција вратила пет деца од камповите во Сирија: Возрасните нека останат таму каде што се и нека ја чекаат правдата!

Точка

15/03/2019

20:21

2.798

Големина на фонт

а а а

Француската влада денеска соопштила дека вратила пет деца од камповите на север од Сирија, но го повторила својот став дека возрасните граѓани кои ѝ се придружиле на исламската држава во странство „треба да останат таму каде што се“ и да се соочат со правдата.

Децата кои се вратени во Франција се или сираци или без придружба на возрасни, се наведува во соопштението на француското министерство за надворешни работи во кое не се објаснува нивната поврзаност со Франција, пренесува Ројтерс.


Западните земји се соочуваат со проблем како да се постават кон луѓето кои сакаат да се вратат од Сирија и Ирак, а за кои се претпоставува дека биле на страната на екстремистите, а досега политиката на француската влада била одбивање тие борци да се вратат во земјата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг