Притвор за сите осудени за крвавиот четврток

Макфакс

15/03/2019

18:48

2.252

Големина на фонт

а а а

Сите 16 осудени за крвавиот четврток во Собранието ќе бидат во притвор. Вака одлучија судиите по денешните барања за определување мерка притвор за осудените, кои ги образложи обвинителката Ивана Трајчева.

На оние кои денеска им беше определен притвор, мерката ќе им важи до правосилноста на пресудата.

Во притвор останува Митко Чавков, а влегуваат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Абдулфета Алими и останатите неправосилно осудени.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг