Северна Кореја ги прекинува преговорите: Немаме намера да попуштиме пред американските барања! Помпео и Болтон создадоа атмосфера на непријателство и недоверба

Точка

15/03/2019

19:51

3.924

Големина на фонт

а а а

Заменичката на севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи, денес изјавила дека раководството на Северна Кореја разгледува суспензија на разговорите за денуклеаризација со САД.

Таа на прес-конференцијата во Пјонгјанг рекла дека немаат намера да попуштат пред американските барања истакнати на самитот во Ханој. 

Заменичката министерка додала дека за прекинот на разговорите ја обвинува американската страна, која "била премногу зафатена во бранење на сопствените политички интереси и немала намера да постигне резултат".

Чое Сон Хуи изјавила дека Државниот секретар на САД, Мајк Помпео и Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, креирале атмосфера на недоверба и непријателство и со тоа ги спречиле напорите на Северна Кореја и претседателот на САД за постигнување на договор.

"Како резултат на тоа, самитот заврши без значајни резултати", рекла Сoн Хуи.

Таа истакнала дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, наскоро официјално ќе каже какви се понатамошните чекори на земјата по неуспешниот самит, пренесува "TASS".

Тоа е прва изјава на службеник на Северна Кореја по повод самитот во Ханој.

Имено, претседателот на САД претходно кажал дека не бил постигнат договор поради барањата на Северна Кореја, во замена за денуклеаризација, во целост да се укинат американските санкции.

Вториот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, одржан на 27-28 февруари, бил завршен без договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг