Научниците конечно успеале да го вратат времето

Точка

15/03/2019

16:26

6.547

Големина на фонт

а а а

Научниците од московскиот Институт за физика и технологија, со помош на колегите од Швајцарија и САД, направиле нешто што се противи на законите по физика.

Тие, со помош на квантен компјутер, успеале да го променат текот на времето.

Користејќи ги електроните и принципите на квантна механика, истражувачите успеале да го вратат времето. Поточно, кој и да го набљудувал компјутерот во тој момент би забележал како времето се вратило неколку секунди назад.


Не само што би можело да го промени нашето сфаќање и употреба на квантните компјутери и квантната механика, туку и некои закони по физика.

Иако моментална техника е прилично комплицирана, истражувачите се надеваат дека таа со текот на времето би можела да се подобри и да стане посигурна и попрецизна.

Во истражувањето објавено во магазинот „Scientific Reports“ се наведува дека во истражувањето е користен IBM квантен компјутер.

Водачот на истражувањето, д-р Горди Лесовик истакнал дека тој и неговиот тим „вештачки создале состојба која се развива во насока спротивна од онаа во која се движи термодинамичката стрелка на времето“.


За време на експериментот, истражувачите откриле дека, ако користат само два кубита (qubit - составен дел од квантен компјутер), остваруваат успех во дури 85 отсто од случаевите. А кога ќе додадат уште еден кубит, се појавуваат грешки, па процентот на успешност опаѓа.

Научниците се надеваат дека ќе успеат да го доработат алгоритамот, за да можат да опфатат уште повеќе кубита и да го намалат бројот на грешки, односно да ја зголемат прецизноста. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг