Стандардната верзија која ќе биде достапна во 2021-ва година ќе чини 39.000 долари со граница од 370 километри. Возилото може да се конфигурира да вклучува 7 места за седење со трошок од дополнителни 3.000 долари.
Компанијата "Tesla Inc" вчера во Калифорнија го претставила "Model Y", електричен теренец, кој ќе почне да се продава со почетна цена од 39.000 долари и ќе се соочи на пазарот со европските електрични ривали.
Шефот на компанијата, Илон Маск, рекол дека малиот SUV, изработен на платформата на "Model 3", прво ќе се појави во верзија на поголем досег од 482 километри со цена од 47.000 долари. И тоа на есен следната година. Стандардната верзија која ќе биде достапна во 2021-ва ќе чини 39.000 долари, со досег од 370 километри.
"Има функционалност на SUV, но ќе се вози како спортски автомобил", рекол Маск и додал дека ќе одлично ќе ги лови кривините.
Возилата е можно да се конфигурираат да вклучуваат 7 места за седење со трошок од дополнителни 3.000 долари.
Panoramic glass roof on Model Y
— Tesla (@Tesla) March 15, 2019
По претставувањето, интернет страната на "Tesla" понудила опција за дизајнирање и нарачување на поскап модел со поголем досег, кој ќе биде достапен следната година. За нарачување на возило потребен е депозит од 2.500 долари.
Малиот теренец е најбрзо растечки сегмент на продажба на автомобили во САД и Кина, најголемите автомобилски пазари на светот.
"Tesla" имал малку конкуренција на подрачјето на седаните, но пазарот на електрични теренци се загрева, па "Tesla" ќе има конкуренција со моделите на "Volkswagen", "Audi", "Mercedes-Benz" и "BMW".