Ќосето: Супер ми е со другарчињата во Шуто Оризари, немам пари ни до Велес да одам оти не крадам

Макфакс

15/03/2019

15:15

6.833

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот Горанче Ангеловски – Ќосето, кој беше осуден на казна затвор од 12 години за крвавиот четврток, рече дека нема да бара да се брани од слобода бидејќи во затвророт во Шуто Оризари му е добро и оти нема пари да се врати за Велес.

„Супер ми е со другарчињата во Шуто Оризари и така немам пари да се вратам во Велес оти не сум крадел“, рече со смеење Ќосето и изјави дека нема други прашања.

Обвинетиот Јане Ченто, претседател на патриотското здружение „Пере Тошев“, за предлогот за определување притвор до правосилност на пресудата рече дека се двоумел дали да бара да се брани од слобода. Рече дека нема да бара да се брани од слобода.

„Не се плашам од затвор. Вие нè осудивте, историјата ќе нè ослободи. Да живее Република Македонија“, рече Ченто, кој е осуден на 15 години затвор.

Југ: Беа обвинети тројца милионери и ослободени без цент гаранција

Обвинетиот Игор Југ, кого кривичниот суд го осуди на затвор од 12 години за крвавиот четврток рече дека има 4 деца и сопруга и дека нема намера да бега.

„Каде јас голо куче би побегнал. Терористи се кријат во африкански и јужноамерикански земји. Што би правел? Би му ги дресирал кучињата на Орбан?“, рече Југ.

„Заедно со мене беа обвинети тројца милионери и ослободени без цент гаранција. Зошто никој не се посомнева дека ќе избегаат? Не избегаа, зашто знаеја дека ќе бидат аменстирани“, рече обвинетиот пред судот.

Југ рече дека да направел 10% од она што го направил за Македонија, во неговата родна Хрватска, ќе бил прогласен за херој. „Не е фер 12 години, требаше и јас да изедам 15-ка“, рече Југ.

„За дом спремни увјек и навјек“, рече обвинетиот.

Судијката Кацарска, пак, го опомена обвинетиот Влатко Трајковски иронијата да ја остави за дома, откако Трајковски претходно иронично рече дека веднаш штом излезе од судницата ќе избега.

Чичкото на Алими: Абдулфета во Собранието спаси човек, ова е неправда

Ова е неправда, ова го нема нигде на светот. Абдулфета Алими во Собранието ја смируваше толпата, спаси човек, а сега го осудија, рече Јашари Алими чичко на Абдулфета Алими кој е осуден за упадот во Собранието на 27 април 2017.

Алими за крвавиот четврток беше присутен во Собранието како дел од собраниското обезбедување.

Денеска беше осуден на 7 години затворска казна. Обвинителството веднаш побара притвор како за Алими така и за останатите обвинети кои заедно добија 211 години казна затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг