Пепиќ: Остајте ме да си седам со ќерката

Макфакс

15/03/2019

14:47

4.313

Големина на фонт

а а а

Обвинетиот Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање кој доби 15 години затвор за крвавиот четврток, побара Судот да не го уважи барањето на Обвинителството за да му биде определен притвор.

„Би ве замолил да останам со моето семејство“, рече Пепиќ пред судот.

„Најголемо задоволство е да ја имам мојата ќерка во скутот“, рече Пепиќ и образложи дека има 3 деца и оти неговото семејство е неговото срце.

Судот осуди 16 обвинети за крвавиот четврток на вкупна затворска казна од 211 години. Певецот Игор Дурловски беше ослободен од обвинението.

Николовска: Ѓошевски е без работа и има 2 деца

Личниот обезбедувач на поранешниот претседател на Собранието, Горан Ѓошевски Леви, кој беше осуден на затворска казна од 15 години затвор за крвавиот четврток рече дека се противи на предлогот да му биде определен притвор, бидејќи со неговото однесување не покажал дека планира да бега.

„Сам се пријавив за оваа постапка пред судот. Бев пуштен во куќен притвор. Бев двапати вратен во истражниот затвор. Кога понудивме гаранција, ја прифати кривичниот совет и покрај противењето на Обвинителството“, рече Ѓошевски.

„Пресудата ќе ја почитуваме и обжалиме, но тврдам дека нема ниеден доказ за овој период дека сум се обидел или сум имал намера да го избегнам судењето“, кажа осудениот.

Неговата адвокатка, Ружица Николовска, исто така, побара барањето на Обвинителството да биде отфрлено.

„Горан Ѓошевски е без работа и има четири деца, а имотот за обезбедување гаранција е од неговите родители“, рече Николовска.

Таа кажа дека спрема Ѓошевски постојат други мерки пред судот како јавување во судот, а одземен му е и пасошот.

„Пред себе имате семеен човек, кој редовно се јавуваше на сите судења, и ниеднаш не отсуствуваше од судењата“, рече неговата адвокатка Николовска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг