Тајсон за Мајкл Џексон: Не би му дозволил на моето дете да оди кај него, но не би дозволил ни на туѓи ќерки да бидат со мене

Точка

15/03/2019

11:55

3.522

Големина на фонт

а а а

"Исто така некои луѓе не би дозволиле нивните ќерки да се дружат со мене откако бев во затвор за силување. Го почитувам тоа, го разбирам. Лошо е, но разбирам, бидејќи и јас би го направил истото", рекол Мајк.

Американскиот боксер, 52-годишниот Мајк Тајсон зборувал за документарецот за Мајкл Џексон и ги прозвал родителите на децата кои пејачот наводно ги силувал, бидејќи поради пари прифатиле јавно да зборуваат за тоа. 

"Ова што го правите е погрешно, излегувате во јавност и зборувате за тие работи. Се зборува дека снемале пари", рекол Тајсон, кој бил близок со Џексон, па многу време минувал во вилата "Neverland".

"Мајкл имаше таква репутација. Имам дете од осум години и никогаш не би дозволил да се дружи со Мајкл или да оди во неговата куќа. Го сакам Мајкл, но знаете што мислам", објаснил Тајсон.

Мајк Тајсон во разговорот ја споменал и својата осуда за силување од 1992-ра година.

"Исто така некои луѓе не би дозволиле нивните ќерки да се дружат со мене откако бев во затвор за силување. Го почитувам тоа, го разбирам. Лошо е, но разбирам, бидејќи и јас би го направил истото", рекол Мајк.

Инаку, режисерот на документарецот "Leaving Neverland", Ден Рид, неодамна го прокоментирал шушкањето дека луѓето сето тоа го прават поради пари.

"Вејд уште во 2013-та година ги тужел соработниците на Џексон тврдејќи дека знаеле за злоставувањето на децата, но дека одлучиле тоа да го игнорираат. Случајот е отфрлен поради технички проблеми, но судот овие обвиненија не ги прогласил за невистинити. За да добијат пари, ќе мора да победат во судската борба", објаснил Ден, додавајќи дека поротата ќе мора да ги преиспита доказите кои, вели, се и повеќе од доволно.

"Тогаш ќе одлучиме за тоа дали овие обвиненија се вистинити. Ако победат, соработниците на Џексон ќе мора да им исплатат оштета. Некои луѓе тоа би го нарекле правда", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг