Масакр во живо на Нов Зеланд: Терорист отворил оган, најмалку 40 мртви! Крвопролевањето го пренесувал во живо на Фејсбук! Пукал и во деца

Точка

15/03/2019

08:48

5.930

Големина на фонт

а а а

Австралиски 28-годишен екстремист отворил оган во џамијата Ал Нур на Нов Зеланд, во градот Крајстчерч. Пукал и во деца, а засега се потврдени 40 жртви.

Сведоците тврдат дека убиецот испукал околу 50 куршуми. Напаѓачот се претставил како Брентон Тарант од Графтон во Австралија. 

Наводно, целиот масакр го пренесувал на Фејсбук и подоцна истото видео го објавил на Инстаграм. Фејсбук подоцна спорното видео го отстранил.

Крајстчерч е третиот по големина град на Нов Зеланд. Полицијата додала дека привела четири лица и открила неколку експлозивни направи.

Полицијата навела дека уште не се знае точниот број на жртви и додала дека нападите се случиле во две џамии кои биле полни со верници.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, локалните медиуми пренеле дека некои од напаѓачите носеле облека која потсетува на воена униформа.

На лице место била пратена и војската која деактивирала експлозивни направи пронајдени во возила во близина на џамијата.

Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн го осудила нападот и додала дека тоа е насилен чин без преседан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг