Се вклучија сирените во Тел Авив: Летаат ракети и одекнуваат експлозии, активирана е „Железната купола“

Точка

15/03/2019

09:30

5.551

Големина на фонт

а а а

Израелската армија потврди дека во Тел Авив се вклучиле сирените откако кон градот биле лансирани неколку ракети.

Како што пренесуваат израелските медиуми, неколку експлозии одекнале во градот, што значи тоа дека неколку ракети ја пробиле против-воздушната одбрана на израелските безбедносни сили.

„Забележани се две лансирања на ракети од секторот во Газа, кон израелска територија“, стои во соопштението на израелската армија после ракетирањето на Тел Авив кое што предизвика голема паника во поранешниот главен град на Израел.

Засега нема информации за жртви и околу тоа колкава материјална штета е предизвикана. Локалните медиуми пренесуваат дека како последица на ракетирањето, била активирана и против-воздушната одбрана, односно познатиот ПВО систем „Железна купола“.

##https://twitter.com/ezra_kadosh/status/1106281968814223361##

Портпаролот на израелската војска открил дека моментално се истражува од каде точно се изведени нападите, додека истовремено голем број на граѓани пријавиле експлозии во близина на нивните домови.

Ова е прв пат да се огласат сирените за ракетен напад во Тел Авив од 2014-та година, и речиси сигурно е дека израелската армија жестоко ќе возврати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг