Има само 16 години, а цела Европа ја дигна на нозе: Шведската активистка е номинирана за Нобелова награда и не се откажува од борбата за опстанок на светот

Точка

14/03/2019

21:30

2.978

Големина на фонт

а а а

Шведската активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг е номинирана за Нобелова награда за мир благодарејќи на нејзината работа во борбата за климатските промени.

Тројца норвешки пратеници ја предложија 16 годишната активистка, која магазинот Тајмс ја прогласи за една од највлијателните тинејџери за 2019 година, за Нобелова награда за мир. 


"Ја номиниравме Грета, бидејќи заканата од климатските промени може да биде една од најважните причини за војна и конфликти", рекол претставникот на парламентот Фреди Андре Увестегард.

Тој додаде дека големиот проект кој Грета го покрена е многу важен допринос за мирот. Тунберг е номинирана во пресрет на глобалниот штрајк против климатските промени, најавен за 15 март.

Протестот е инспириран од нејзиното студентско движење "Петок за иднина" и е организиран за да се покрене акција со цел да се спречат понатамошни климатски промени и глобалното затоплување.

"Почестена сум и благодарна за оваа номинација", напиша Грета на Твитер и сите ги повика на утрешниот протест.

Ова девојче кое го нарекле Еко-Пипи живее во склад со своите идеали. Повеќе не патува со авион, се храни вегетаријански, а ги присилила и родителите да го направат тоа.

"Мојата порака е дека ако ни е важна климата и ако сега не направиме ништо, во иднина ниту еден друг проблем нема да биде важен".

"Зошто да учам за иднината, кога во иднина можеби нема ниту да постојам поради климатските промени", изјавила своевремено Тунберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг