Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

Макфакс

14/03/2019

21:04

1.797

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео потврди дека преостанатите американски дипломатски лица кои се наоѓаа во Венецуела, денеска ја напуштија земјата.

„Дипломатите на САД сега ќе ја продолжат својата мисија на други локации, каде ќе продолжат да помагаат во управувањето со доставувањето на хуманитарната помош за венецуелскиот народ и поддршката за учесниците на демократските протести кои храбро се спротивставуваат на тиранијата“, наведе Помпео, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот Стејт департмент најави во понеделникот дека оваа недела ќе ги повлече дипломатските претставници од Венецуела, додавајќи дека нивното присуство претставува ограничување за американската политика во таа земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг