Последна ждрепка: Утре ќе се знае кој со кого до финалето во ЛШ!

Дерби

14/03/2019

21:15

2.059

Големина на фонт

а а а

Со вчерашните средби во Минхен и Барселона беше заокружена осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, па сега сите со нетрпение го очекуваат утрешниот ден кога ќе биде направена и последната ждрепка во елитнотото натпреварување за оваа сезона.

Долги години имаше извлекување за секоја рунда, но сега од УЕФА се одлучија на поинаков потег што значи утре во Лион ќе го дознаеме комплетниот костур до завршниот меч во ЛШ кој на 1 јуни се игра на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Ајакс, Барселона, Јувентус, Порто, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем се клубовите кои се најдоа во Топ 8, фаза во кој секој може да се сретне со секого.

Од УЕФА воедно соопшти дека Јунајтед и Сити нема да можат во иста недела да играат на домашен терен и тоа на бараање на градските власти. Имено власите во Манчестер не сакаат тимовите да играат на домашен терен во иста ноќ или наредната што значи може да дојде до промена на распоредот ако има вакво сценарио.

Ако во случај двата клубови се паднат да играат во иста недела на домашен терен, тогаш тимот кој имал послаб пласман во лигата (во случајот Јунајтед) ќе добие друг датум за својот натпревар на „Олд Трафорд“.

Извлекувањето е утре од 12 часот, додека четвртфиналните средби ќе се играат на 9/10 април (први натпревари) и 16/17 април (реванши).



Спонзорирани линкови

Маркетинг