Трета среќа за Тереза Меј? Британците ги чека агонија поради Брегзит! Еве зошто мора да решат сè за шест дена

Точка

14/03/2019

19:18

3.659

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка Тереза Меј ќе мора и трет пат својот предлог да го стави на гласање во парламентот, и тоа најдоцна до 20-ти март, а тамошните медиуми се зафатени со правење на сценарија кои ја чекаат таа земјата во екот на политичката криза.

Одложување на Брегзит 

Меј предупредила дека трето одбивање на договорот би можело да значи одложување на Брегзит на подолги стази, што значи дека Британија би учествувала на изборите за Европскиот парламент во мај.

Пратениците со 321-278 го отфрлиле излегувањето од ЕУ без договор, не само за предвидениот датум, 29-ти март, туку за било кога. Меѓутоа, таа одлука засега е само симболична бидејќи усвојувањето на новиот закон може да го спречи Брегзит на 29-ти март.

Длабоки поделби

Хаотичните седници на британскиот парламент и вчера и претходните седмици покажуваат длабоки поделби меѓу пратениците за тоа како да се разделат од ЕУ. Денес ќе гласаат за тоа дали да бараат одложување на Брегзит до 30-ти јуни поради новите потребни легислативи.

Меј сака само кратко одложување

Меј им порачала на пратениците дека ЕУ ќе поддржи само кратко одложување и тоа во случај ако британскиот парламент го прифати нејзиниот договор.

"Без тоа, одложувањето би можело да биде само подолго", рекла таа.

Фрустрации во Брисел

Застојот во Лондон предизвикал фрустрации и во Брисел, па европските службеници ги предупредуваат британските парламентарци дека нема да прифатат одложување ако не слушнат што сакаат да постигнат со истото.

"Да ги пролонгираме преговорите за да направиме - што?", прашал европскиот преговарач Мишел Барние.

Има само два начина да се напушти ЕУ - со договор или без него, рекла портпаролката на Европската комисија и додала: "ЕУ е подготвена за двете варијанти".

Што сега?

Редоследот е ваков: британскиот парламент мора трет пат да гласа за предлогот на премиерката до 20-ти март, бидејќи ден подоцна почнува европскиот самит.

Ако Тереза Меј го истурка договорот, ќе може да побара кратко одложување до 30-ти јуни поради донесувањето на закони неопходни да се потврди договорот.

Во спротивно, предупредува премиерката, Брегзит би можел дополнително да се одложи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг