Полицаец погинал во пад на авион, а потоа клопчето започнало да се одмотува: Никој не знаел за двојниот живот на врвниот измамник

Точка

14/03/2019

21:48

13.443

Големина на фонт

а а а

Џордан Арон бил сопственик на суши ресторан во Карсон Сити. Антонио Пастини некогаш бил полицаец во Чикаго кој се спријателил со сомнителни лица. На крајот било утврдено дека станува збор за истата личност.

Џордан (или Антонио) користел две имиња и два броја на социјално осигурување. Имал и неколку возачки дозволи и банкарски сметки. 

Една од неговите четири поранешни жени вели дека тој имал повеќе идентитети за да ги скрие парите, поради што сметала дека имал проблеми со законот. Овој Американец веројатно би живеел мирно до крајот на животот како Тони Пастини да не погинел на 3-ти февруари во округот Оринџ, при пад нa “Цесна”.

На местото на несреќата била пронајдена и полициска значка, меѓутоа, тогаш клопчето започнало да се одмотува. Било утврдено дека Тони никогаш не бил полицаец – значката која ја користел била пријавена како исчезната во дамешната 1978 година.


Секогаш зборувал за полициската служба, а во неговиот ресторан доаѓале многу полицајци. Гери Вилис кој бил во сродство со Пастини тврдел дека тој бил “вистински полицаец” и дека имал совршено добри причини да го промени своето име, меѓутоа истите не ги навел.

Кога Тони Пастини го отворил ланецот на ресторани кон почетокот на 90-тите во Невада, отворено се фалел со своето полициско минато. Тој велел дека бил детектив и дека се пензионирал по 17 години работа во полицијата во Чикаго. Тони и за еден весник изјавил дека бил стациониран во Јапонија како маринец, што било негирано од страна на морнаричките власти.

##https://twitter.com/JoshuaRNelson/status/1092181990017622016##

Во 90-тите години, го запознал Денис Хофа, сопственик на легални бордели во Невада, пред да стане познат благодарение на емисијата за неговите јавни куќи и кампањите за државниот парламент во кој освоил гласови пред да почине.

До 70-тите години имал пумпа, шлеп и стерео компанија. Исто така, неговата приказна е и понатаму полна со непознати детали, а единствената личноста која знаела сѐ погинала кон почетокот на февруари во “Цесна”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг