После обвиненијата дека ја изневерува латино дивата, поранешниот бејзбол играч се појави со голема модринка на лицето

Точка

14/03/2019

15:16

6.157

Големина на фонт

а а а

Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез неодамна ја запроси Џенифер Лопез, а само неколку дена подоцна во медиумите се појавија обвиненија дека ја изневерува.

Откако се објавени фотографиите од аеродромот во Мајами, на кои тие двајца изгледаат затечено, а Родригез има голема модринка под окото, многумина започнале тоа да го поврзуваат со неверство. 


Родригез ја запроси Џеј Ло после две години врска, а ѝ купил прстен вреден околу 5 милиони долари. Таа го рекла судбоносното "да", но среќата им ја зацрни Хосе Канеско, уште еден поранешен бејзбол играч, кој го обвини Родригез дека ја изневерува Лопез со неговата поранешна сопруга Џесика Канеско. Сепак, тие тврдења Џесика ги негираше:

"Тоа не е вистина. Со години го познавам Алекс, а ваков не сум го видела во последните пет години. Дефинитивно не сум спиела со него. Во пријателски односи сум со него и со Џенифер".

View this post on Instagram

3.9.19✨♥️

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

На Лопез ова ќе ѝ биде четврт брак, а пред само девет месеци изјави дека не ѝ се брза за свадба.

"И двајцата сме на добро место во своите животи. Можеби ако се запознаевме како 20 годишни деца. Имав три бракови, овој пат сакам да сум сигурна", рекла тогаш.





Спонзорирани линкови

Маркетинг