Тој е мозок на невидената измама која ја шокирала Америка: Еве кој е Вилијам Сингер и како децата на богаташите ги запишувал на престижни колеџи!

Точка

14/03/2019

10:31

2.591

Големина на фонт

а а а

Скандалот со подмитувања и измами на приемните испити, на неколку престижни универзитети, ја шокирал Америка, а мозокот на оваа измама е Вилијам Рик Сингер, основач на компанијата "Edge College & Career Network" во Њујорк Бич во Калифорнија.

Сингер се изјаснил како виновен и сака да соработува со обвинителите. Неговиот адвокат изјавил дека се кае. Бројни богати родители, меѓу кои и холивудските актерки Фелисити Хофман и Лори Лофлин, се осомничени дека плаќале мито и учествувале во измами со чија помош нивните деца биле примени на колеџите, иако не ги исполнувале условите. 

Поголем дел од овие обвиненија се поврзани со Сингер, кој е основач на компанијата "The Key Wolrdwide Foundation", која наводно се занимава со советување и подготовка на децата при упис на колеџи.

"Станува збор за два вида на измами кои Сингер ги продавал. Една е мамење на приемните тестови, а друга е користење на неговите врски со тренерите и подмитување на тренерите за децата да бидат примени на колеџите со лажни атлетски историјати", изјавил државниот обвинител Ендру Лелинг. Меѓу тренерите кои примале мито е и еден од најдобрите ватерполо тренери во САД, Јован Вавиќ.

Како што кажал Лелинг, станува збор за корупција од широки размери во која учествувале бројни богаташи.

"Не може да постои посебен систем за богатите и нивен упис на колеџи, а јас велам дека нема да има ни посебен правосуден третман за нив", рекол обвинителот.

Федаралното истражно биро - ФБИ, во вторникот опишало дека Сингер осмислил систем за измама преку кој добил десетина милиони долари. На пример, Сингер и неговите соучесници користеле технологија за манипулирање на фотографии, за да стават слики од лицата на децата на своите клиенти на тела на спортисти, навеле обвинителите.

Наводната мисија на неговата компанија, според описот на нејзиниот сајт, е да "дава упатства и да ги охрабрува студентите кои се во неповолна положба ширум светот". Меѓутоа, се воспоставило дека всушност им помага на богатите и славните. FBI објавил некои од прислушуваните разговори:

"Тоа што го правиме е да им помагаме на најбогатите семејства во САД да ги запишат децата во училиште...Тие сакат гаранции, сакаат работата да се заврши и не сакаат да се шегуваат. И тоа го сакаат во одредени училишта, а јас ја отворам вратата која води кон нив", рекол Сингер во разговорот со еден клиент и додал:

"Јас можам да направам да се постигнат одредени резултати, а никој на планетата не го може тоа. Таа нема ни да знае дека тоа се случило. Ќе мисли дека е многу паметна или дека имала среќа на тестот", рекол тој, мислејќи на ќерката на клиентот со кој разговарал.

Сингер, според зборовите на обвинителот, примил околу 25 милиони за помош на богатите родители. Сингер во вторникот се изјаснил за виновен за рекетирање, за перење на пари, заговор за измама на САД и попречување на правдата, рекле обвинителите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг