Дивото девојче од хорор станот ги шокираше докторите: Не знае да спие во кревет, ниту пак знае што е овошје...

Точка

14/03/2019

21:42

8.713

Големина на фонт

а а а

Московските доктори го згрижија 5-годишнотоо девојче кое што беше пронајдено болно и изгладнето во станот полн со ѓубре и инсекти.

Докторите не ја кријат својата загриженост за здравствената состојба на девојчето, кое што не знае да зборува, ниту пак да спие во кревет. Девојчето никогаш не видело и пробало овошје, а се плаши дури и од контакт со вода. На вратот имало и мало ланче кое што со текот на годините буквално зараснало во кожата.

„Никогаш не видела овошје. Ѝ понудивме мандарина која долго ја гледаше, а кога ја проба, се насмеа од среќа. Не знаеше што е туш. Се уште имаме мака со хигиената, таа воопшто не сака да се избања“, изјави доктор Исмаил Османов.

Тој додаде дека девојчето не знае да спие во кревет и наместо тоа, само ќе се свитка на столица, па дури и откако докторите ќе ја сместат во кревет. Добра вест е што, за некое чудо, нема психолошки пореметувања. Нејзината мајка и натаму тврди дека нејзиното девојче растело во добри услови и не знаела што се случило со станот.

„Не ме пуштија да ја видам мојата ќерка. Не знам што се случило со станот. Ме уапсија во близина на зградата“, изјави нејзината мајка Ирина, која што за шокот да биде уште поголем е факултетски образована жена.

Таа тврди дека девојчето може да говори и да комуницира и тврди дека во станот не била само неколку часа. Сепак, соседите тврдат дека нејзе ја немало неколку дена, а се јавиле во полиција затоа што девојчето непрекинато плачело.

Соседите велат дека девојчето не го виделе уште додека било бебе, а исто така откриваат дека Ирина порано била опседната со чистотата и често дури чистела и околу зградата.

„Ја сакаше чистотата и често чистеше пред вратата и околу лифтот“, раскажува еден од соседите за руските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг