Проблем и со WhatsApp - дали и вам ви се случува истото?

Точка

13/03/2019

21:28

3.863

Големина на фонт

а а а

Корисниците од целиот свет цел ден пријавуваат проблеми со Фејсбук и Инстаграм, а во последните неколку часа се појавил и проблем со WhatsApp.

Многумина велат дека не можат да се испраќаат фотографии преку таа апликација за допишување. Повеќето пораки се испраќаат исто како и досега, но ако се обидете да испратите фотографија или било кој медиумски запис, само ќе се соочите со обид за ажурирање и потоа прекин со пораката „обидете се повторно“.


Да потсетиме, денеска попладне, корисниците во Европа, САД и некои делови на Азија, пријавиле дека не можат да испраќаат фотографии, снимки или да објавуваат статуси на Фејсбук, а потоа дека го имаат истиот проблем и со Инстаграм. Грешките се појавуваат и на апликацијата Месинџер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг