Дете не сакало да ги тргне нозете од седиштето за да седнат други патници, па овој човек му одржа добра лекција

Точка

13/03/2019

21:30

7.204

Големина на фонт

а а а

Едно дете ја научи лекцијата на својот живот додека се возело со метро, а работата да биде позабавна и за нас останатите, една патничка успеа тоа да го сними и да го објави на Твитер.

Детето ги подигнало нозете на седиште и ги раширило така што никој друг не можел да седне до него. Но, тоа не го спречи еден маж да му одржи лекција па само седнал над неговите нозе. 

##https://twitter.com/da_drought_3/status/1058009929045499904##

А, изразот на лицето на шокираното дете откри дека навистина не очекувал дека ќе налета на поголем "фраер" од него.

"Ова дете не сакаше да ги помести нозете за тројца возрасни личности па овој тип само му седна на неговите нозе", напиша една корисничка на Твитер која го сподели овој момент.

##https://twitter.com/da_drought_3/status/1058201684009238535##

Настанот се случил кон крајот на минатата година, но сега повторно стана вирален:

"Не ја носат сите својата херојска наметка", заклучија поголемиот дел од Твитер заедницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг