E-волуција на FCA брендовите на саемот во Женева

Точка

13/03/2019

11:34

2.725

Големина на фонт

а а а

На Меѓународниот саем за автомобили во швајцарскиот град Женева, што оваа година се одржува 89. пат, брендовите од групацијата FCA доминираа со многубројни новитети, особено кај новата генерација електрични автомобили и концепт-модели.

• Концептот на првиот Alfa Romeo plug-in хибриден SUV дебитира во Женева 2019 

Alfa Romeo влегува во светот на електричните автомобили откривајќи го новиот концепт - компактен SUV compatto Alfa Romeo Tonale. Tonale е првиот хибриден модел plug-in и компактно utility vehicle од Бишоне, којшто преку јазикот на Alfa Romeo сака одново да ги напише правилата во сегментот, кој во моментов е со најголем раст. Благодарение на единственоста на италијанскиот стил и на неспоредливото задоволство при возење, Alfa Romeo Tonale е погледот кон иднината во сегментот на SUV, кој има моќ да создаде сеопфатен и креативен израз преку фузија на убавината и технологијата. Накратко, уметничко дело, апсолутно ремек-дело на дизајнот на Alfa Romeo. Не случајно првите букви на моделот Alfa Romeo Tonale го формираат зборот ART – уметност.



• Fiat Concept Centoventi (Фиат концепт сто и дваесет): „сенародниот“ одговор на електричната мобилност 

На саемот во Женева првпат е претставен Fiat Concept Centoventi, концептот кој совршено ја одразува визијата на италијанската марка за тоа каква ќе биде електричната мобилност на народот во блиска иднина, авторитативно и демократско предвидување, почнато пред 120 години, исполнети со историја и искуство на полето - од каде што и доаѓа името на прототипот. Концепт кој ќе знае да, како што налага традицијата, се издвои од останатите и да тргне напред. Иновативноста е во кабината на Centoventi која овозможува лесно реконфигурирање во неколку различни распореди, а конзолата има специјални конектори кои овозможуваат да бидат додадени разни додатоци, а со тоа уште повеќе да се истакнат можностите за персонализација преку новата програма 4U.



• Новите Jeep®Renegade и Compass PHEV: моќност и автономија

На штандот во Женева првпат се појавија и моделите на марката Jeep® со хибриден мотор plug-in, опремен со батерии на полнење од надворешен електричен извор, кои имаат моќ да складираат значително количество електрична енергија. Маркета Jeep® прави уште една еволуција во однос на почитување на природната средина и намалувањето на вкупните трошоци со нови plug-in хибридни PHEV модели. Моделите Renegade и Compass доаѓаат со силни електромотори со кои можат да поминат повеќе од 50 km само на струја, возејќи со максимална брзина од околу 130km/h.




Спонзорирани линкови

Маркетинг