Приказна за еден остров

Точка

12/03/2019

18:05

2.880

Големина на фонт

а а а

Приказната која во продолжение ќе ви ја раскажеме е за едно чудесно место на светот, а истата можеме да ја започнеме како една бајка.

Позади седум гори и седум мориња, позади седум планини и позади седум долини се наоѓа еден навистина прекрасен остров. И на островот езеро. И на езерото остров. И во езерото остров. И на крајот од езерото повторно едно мало островче кое претставува изгасен кратер на вулкан. Потсетува на вистински почеток на бајка, зарем не?


Имено, на јужниот дел на островот Лузон, кој припаѓа на Филипините, се наоѓа овој можеби единствен случај. На островот Лузон има езеро, наречено Тал, во кое се наоѓа и вулканскиот остров со истото име. Во рамките на овој простор може да се види уште едно мало езеро во кое повторно се наоѓа мала Вулканска точка.


Може да се согласиме дека ова е исклучително ретка и многу интересна убавина, која сведочи за степенот до кој нашата планета сè уште не е истражена и дека и многу поубави, а понекогаш можеби и вака чудни работи чекаат да бидат препознаени и откриени, и тоа можеби се наоѓаат токму во ваша близина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг