Вера Јанковиќ: „Европските Кариби“ ќе ги задоволат сите ваши сетила

Точка

11/03/2019

10:58

5.758

Големина на фонт

а а а

Ако сакате да ѕирнете каде се опушта Берлускони, каде елегантно чекорат фламингата, каде се чувствува како дома, па и повеќе од тоа нашата Вера Јанковиќ, само дозволете вака понеделнички (и така не ви е до работа) да ве однесе макар и виртуелно на неповторливиот бисер во Тиренското море –Сардинија.

Место каде ќе ги задовилите сите ваши сетила, каде ќе ве размазат и нема да сакате да се вратите дома или секое следно лето ќе се враќате на „европските Кариби“.  


Како изгледаат „европските Кариби“? 

- Ја имам честа со вас да споделам незаборавна приказна за неповторливиот бисер во Тиренското море-Сардинија:))) Добредојдовте во овој виртуелен, во моментов, свет во кој ќе посакате што побргу да ги задоволите буквално сите сетила!!! Ова е рајот драги мои, ова се европските кариби, местата кај кои развојот на туризмот не успеал да го наруши единствениот спокој, мир, убавина и автохтоност од која се губи здивот.


Бев во два наврата, пред три години горе на северот-Алгеро, минатара година на југот-главниот град Каљари. Првиот налик на питорескните градови од бајките, вториот милионски, административен и пристанишен центар. Дијаметрално спротивни но единствени во својата раскош. Поточно љубовта започна многу поодамна кога и падна одлуката да се посети овој бисер на медитеранот. Самата помисла дека буквално целиот остров е национален парк, со дефинитивно најубавите плажи и смарагдно и топло море кое пак те мами да му се навраќаш и навраќаш и така и бидна цело тоа патешествие:))) Се спремам и за следната сардиниска авантура:)))


Ова се едни од ретките плажи каде може да се видат фламинга? 

- Таму се и двете опции за наједноставен пристап до островот кој пак е одалечен од копното некои си 200 км-Алгеро и Каљари.

 Првата година си одбравме рибарско место на 45 км-исола роса, црвени карпи, шуми, бели, невидени песоци од едната страна, ветрови и карпи за адреналин и сурфери. И секаде, буквално секаде робинзоновски предизвик, на моменти боли беспрекорната совршеност и уникум. Каљари пак ,огромен, со препознатливата архитектура во која има обележја од истокот, музеи, пространа плажа која ќе ја препознаете како Поето, во должинаод 6км, почнувајќи од местото каде си го обезбедивме и прекрасното станче:)))


Од тука, па се во должина од 50 километри имате на дланка невидени плажи и места од кои тешко ќе можеете да кажете збогум!!! Не случајно преубавите фламингоси ја одбрале оваа дестинација!!! Господ оди пеш на ова тло!!!

Во кој период од годината е најубава Сардинија? 

- Мојата препорака за посета на Сардинија е дефинитивно септември:))) и по основа на извонредните, благопријатни температури, моментот дека ја избегнувате августовската гужва кога и практично Италијаните,а и сите останати користат годишни одмори:))) Е тогаш, тогаш живеете заедно со мештаните, тогаш го чувствувате пулсот на оваа рајска земја. 

Дали е Сардинија за сечиј џеб? 

- Секаде, каде и да појдете, можете да го најдете она кое вам ве дефинира!!! Нормално, доколку го сакате класиниот одмор си избирате апартман, студио било што кое пак во последно време е лесно за организација:))) во спротивно, зависно од џебот и барањата имате невидени луксузни, тајкунски одредишта кои се мета на светските фаци и нафатирани патувачи!!! Берлускони, горе, кај Олбиа, Мадалена, ужива во прекрасниот смарагден имот за кој може само да се сонува. Секој со своето, секој со она што ќе си го посака, тоа важи и за сите дестинации, генерално. Јас уживам да истражувам, мерачам по пустите плажи и недопрените пространства, сакам да ги почувствувам сите мириси и вкусови кое ова парче земја несебично ги нуди. 

Никогаш не верувам на муабетите на некои луѓе!!! Да, и јас претходно имав сознанија за цените и луксузот на овој бисер!!! Но, драги мои, луксузот и сето останато се релативна категорија, зависно и од тоа кој и како ги зацртал тие моменти .Мене сето тоа ми е предизвик плус, за да можам да ве уверам дека тоа никогаш не е така. Не смее нечиво скапо искуство да биде моја кочница за уште едно патување, страница од глобтротерската авантура. За мои размисли, луксуз е кога можам од рибарите, рано сабајле да си пазарам школки и риба која вечерта, со сардиниско вино и мирто, ќе си ги спремам на терасата од која го слушам шепотот на морето и благиот ветер кој ги скокотка усните:))) 

Можеби во претходниот живот сум битисувала тука:))) Сакам и сега, сакам и во идниот..хахаха Невидена синергија со мештаните и природата!!! Едни и единствени, па јас немам ни сретнато такви суштества на планетава, времево застанало на една величествена одредница, еликсирот на животот се дегустира само тогаш, само таму, само со избраните, продуховени минувчи.или патувачи-како ви звучи поимпресивно.  

Задоволна си од храната, пијалоците? 

-Пред и воопшто да размислувам за Сардинија, за која знам од моја блиска пријателка која многу одамна ја вкуси оваа убавина, се заљубив во автохтоната пијачка крстена по плодот од грмушките кои растат нормално само таму МИРТО!!! ги отвара сите чакри, раскажува нечуени приказн...Фантастичното сардиниско пиво ви ја крепи душата додека се потпекувате на ремек делата од бисерни и корални карпи, највкусните патлиџани и вина кои можете да ги замислите... Грапата која е подобра од нашата жолта:)))

Каков е доносот на мештаните? 

-За љубезноста на луѓето би можела роман да испишам!!!  

Се прашувам-како можат така бре, кои се овие креатури???

И одговорот доаѓа од волшебното небо над овој редок дијамант, од тишината во воздухот која ве онеспособува да помислите било што кое може да ја наруши оваа леснотија на живеењето. Во септември превозот низ островот е редуциран, но тоа не значи дека нема да ве сместат во својот автомобил и ќе ве извозат дури четириесетина километри??!!! Знаеја да не удостојат дури на два пати во еден од ретките автобуси, не наплаќаа ни карта???!!!

-Терајте девојчиња, чест ни беше:))) А бре, лесно е и природно да бидеш ЧОВЕК дишејќи таков воздух!!!

П.С. Можеби им доаѓаат такви вибрации и од бизарната храна, сирењата по кои шетаат црви, вкусните кашкавали, по нешто и од шмекот на арапските зачини кои изобилуваат во Каљари...За извонреното капучино испиено во градската кафана во главниот град за само две и пол евра.. Можеби и помалку??!! Си живеев 14 дена буквално како дома, по основа на се поготово по основа на цените кои ми дозволија секаков кеиф!!!Пробајте и вие да ја испишете вашата приказна:)))

Манџи, манџи сакам да дегустирам:)))Манџа р е пер ме:))) и начекав нешто како нашата јанија, компир манџа,само без компири..хахаха замена за нив-наут и школки, луто, зачинето со некои си ориентални зачини..се чувствуваат и во воздухот и архитектурата:))) Совршена пица вкусив и во комшилук на нашата населба, опкружена со палми, кактуси, паркови и езера во кои царуваат фламингосите:))) ти ја носат на врата за само неполни 7 евра:))) 

Незаборавна случка на која се смееш до ден-денес? 

- Таму е буквално се незаборавно!!! Додека сум жива ќе го паметам младото момче од некојси 16 год. кое на двапати го сопре автобусот во кој заедно патувавме враќајќи се од плажа дома:)) Ја промашивме адресата, го заборавивме чадорот за сонце (обично се качувавме со целата артилерија од плажа) се симна за да не испрати до дома, го чекаше потоа следниот автобус...:)))

Или пак госпоѓата Бети која не смести во нејзиното ауто, притоа складирајки ја целата нејзина куповка во гепек само за да ослободи простор за нас три цурици:)))

Или пак онаа "лудача" која своите ќерки ги распореди оѕади во џипот за да не донесе точно пред врата возејки на гас цели 25 км??!!! направи застој на автопат за да не удостои, така слатки, потемнети и уморни од целодневното акање по островот.. Чудо се, чудо невидено!!! Не дај Боже да ги замолиш за помош-душата на тацна ќе ти ја остават!!!!

Имаше ли нешто што ти сметаше?

-Недостатоци? Нешто што ми засметалоооо??? Ма дајте луѓеееее:)))) 

Најголем недостаток е тоа што не сум се родила таму!!! Ми смета отсуството на оваа убавина се до следната септемвриска пустоловина:)))

До тогаш-аррриведерчииииии:)))

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг