Токму како што се најавуваше изминативе неколку денови, денеска конечно можеме сите да ја слушнеме песната која оваа година ќе нè претставува на Евровизија.
Повеќе од познато е дека Тамара Тодевска е таа која ќе нè претставува оваа година на Евровизија во Тел Авив, Израел. Песната премиерно беше пуштена во етер во 19:30 часот во централниот дневник на Националната Радио Телевизија.
Целиот труд кој го вложиле во ова неверојатно музичко парче - Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, и текстот позади кој се потпишуваат Коста Петров и Сања Поповска, досега одлично е прифатен од македонската јавност.
Ова е веројатно најдобрата претставничка песна за Евровизија со која Македонија некогаш се претставила.
Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер, на 16-ти мај, во Тел Авив, па, она што нам ни преостанува е да стискаме палци да нè израдува со конечно пласирање во финале.