"Потребни ми беа неколку дена за ова..." Брендон во голема болка поради смртта на Дилан, со претажна порака се збогувал од својот пријател

Точка

07/03/2019

17:26

5.971

Големина на фонт

а а а

"Лесна ноќ, сладок принцу", напишал Џејсон Пристли на Инстаграм.

По повод тажната загуба на својот голем пријател и колега, 52-годишниот Лук Пери, кој починал на 4-ти март, по мозочен удар, со него се збогувал неколку дена подоцна и Џејсон Пристли, со кој заедно играл во познатата серија "Beverly Hills 90210" . 

Џејсон го играл Брендон, а покојниот Лук го играл Дилан, и тие двајца важеле за најголеми заводници во омилената серија. Јавноста чекала кога, по Бренда, и Брендон ќе се збогува со легендарниот Дилан, а тој дури сега, со три дена доцнење, собрал сили за тоа.

"Потребни ми беа неколку дена смислам како да го напишам ова...Мојот добар пријател цели 29 години, Лук Пери, беше еден од вистински посебните луѓе кои навистина се грижеа...Лук не беше само ѕвезда, беше неверојатна светлина која прерано изгасна...И тоа е причината поради која јас денес, како и многу други, сум во голема болка", ја почнал Џејсон својата проштална порака.

"Доколку сте ја имале таа неверојатна среќа да го запознаете Лук, или некогаш сте се сретнале со него, знам дека исто така сега сте тажни. Свеќа која гори два пати посилно, гори двојно пократко. Ти гореше, Лук, ох толку многу гореше...Лесна ноќ, сладок принцу", напишал Џејсон на Инстаграм.

Покрај емотивната порака објавил и фотографии со Лук, една од неодамна, друга од времето на снимањето на "Beverli Hills".

Потсетете се на неодоливите момчиња од серијата.