Ова се најбогатите американски семејства: Заедно тежат 618 милијарди долари, а еве со што се занимаваат

Точка

04/03/2019

17:12

15.116

Големина на фонт

а а а

Петнаесет најмоќни американски семејства заедно имаат богатство тешко дури 618 милијарди долари, се наведува во најновиот извештај на американскиот Институт за политичка студија.

"Богатството на секоја од тие династии потекнува од компании кои всушност ги основале нивните претходни генерации, нивните родители", се оценува во извештајот, кој прикажува како богатството се пренесувало од генерација на генерација без прекин. 

Утврдено е дека просечно американско семејство поседува семејно богатство од нешто повеќе од 80.000 долари, додека 15 најбогати семејства кои се рангирани во склоп на листата на "Форбс" за 400 најбогати, поседуваат богатство од дури 618 милијарди долари.


Од 1982 година, вкупното богатство на трите најмоќни семејства - Волтон, Кох и Марс се зголемило за 5.868 проценти, достигнувајќи 348,7 милијарди долари, пишува Бизнис Инсајдер.

Најбогатата династија на САД е семејството Волтон, чие богатство достигнало цифра од 169,7 милијарди долари.

Тие се сопственици на најголемиот трговски ланец на светот Волмарт, кој од 1962 година го основаа Сем и Бед Волтон. Од продажба годишно остваруваат 500 милијарди долари, а со оглед на тоа дека богатството го делат седум членови на семејството, Алис Волтон со богатство од 44,9 милијарди долари е најбогатата жена на светот.


Второто најмоќно американско семејство е нафтното семејство Кох, кое успеа да изгради богатство од 107 милијарди долари. Браќата Чарлс и Дејвид развиле рафинериска компанија која годишно заработува 100 милијарди долари.

На третото место се наоѓа семејството Марс, со чоколадното царство вредно 72 милијарди долари, а на четвртото место е семејството Каргил-Мекмилан со традиција за агробизнис од 1865 година и кој им донел богатство вредно 38,8 милијарди долари.


На петтото место е семејството на Едвард Џоунс (38,7 милијарди долари), на шесто место е семејството Кокс со богатство од 37,2 милијарди долари, на седмо место е Прицкер со 26,6 милијарди долари, на осмото место е семејството Данкан со 24,8 милијарди долари потоа семејствата Лаудер и Џонсон со 22,4 односно 18,2 милијарди долари.

На 11 место е семејството Зифс со богатство од 14,4 милијарди долари, на дванаесто место е Бас со 13,3 милијарди долари, додека 13, 14 и 15 место го заземаат Голдман, Страјкер и Кети со 13,2 односно 11,1 и 11 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг