Опасна средба на американските и руските воени бродови: Ракетен разурнувач на САД „очи в очи“ со две руски фрегати!

Точка

01/03/2019

15:24

3.026

Големина на фонт

а а а

Во Егејското море кај Дарданели, денес американскиот разурнувач „Доналд Кук“ помина покрај два руски брода на Црноморската флота.

Американскиот разурнувач во 08:00 испловил кај Дарданели и навлегол во водите на Егејското море, а десет минути подоцна пристигнала и руската фрегата „Адмирал Есен“. Речиси истовремено, покрај американскиот брод поминала и уште една руска фрегата „Адмирал Макаров“.

Американскиот разурнувач „Доналд Кук“ кој што е вооружен со 56 крстосувачки ракети „Томахавк“ со домет од 1,600 километри, на 19-ти февруари навлезе во водите на Црното море.

На 26-ти февруари пристигна и во украинското пристаниште кај Одеса, а овој брод лично го посети и укранскиот претседател Петро Порошенко кој на „Доналд Кук“ имаше средба со специјалниот претставник на САД за Украина, Курт Волкер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг