Агим Шаќири од ДУИ завршил во болница затоа не гласал за одземање на имунитетот на Вељаноски

Макфакс

24/02/2019

11:04

4.758

Големина на фонт

а а а

Причината поради која пратеникот од ДУИ Агим Шаќири по паузата во 21 часот не се појави на мандатно-имунитетната комисија е влошување на неговата здравствена состојба по што завршил на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Комисијата овие два дена расправаше за одземање на пратеничкиот имунитет на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски кој е обвинет за организирање на наслниот упад во Собранието на РМ на 27 април 2017 година.

Вчеравечер, комисијата не изгласа да му биде одземен имунитетот на Вељаноски. Резултатот од гласањето беше 4-4. Недостасуваше гласот на пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски по ваквиот резултат од гласањето рече дека останува на претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја истолкува оваа одлука на Комисијата и да одлучи дали утре ќе се одржи пленарната седница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг