Мицкоски: Бараме нов јавен обвинител по предлог од опозицијата

Макфакс

23/02/2019

13:27

1.132

Големина на фонт

а а а

Доколку владејачкото мнозинство и Зоран Заев веруваат во правна држава нека исполнат барем едно нивно ветување од предизборната кампања, а тоа е да го сменат актуелниот јавен обвинител и да поддржат нов по предлог на опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека секојдневно се крши правото во Македонија и има неправилности во правосудниот систем.

Правната држава моментално функционира на начинот ‘дајте ми човек ќе креирам обвинение’, вели Мицкоски.

Според него постои само еден начин тоа да се промени, а тоа е поддршка за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

„Прв чекор за враќање на правната држава е граѓаните масовно да се придружат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. Со тоа ќе ги исчистиме деспотизмот, ќе ја вратиме правната држава. По победата на претседателските избори на 21 април, почнува падот на оваа влада“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска дојде во просториите на ДИК во општина Карпош каде се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова. Тој од групата граѓани кои исто така беа дојдени да ја поддржат Силјановска беше пречекан со аплауз. Во просториите на ДИК поддршка за Силјановска даде и поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Претендентите за претседателски кандидат имаат рок од 15 дена да соберат 10 илјади потписи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг