Сексапилно или бизарно? - Контроверзно кафуле во кое келнерките послужуваат во бикини

Точка

22/02/2019

21:00

7.725

Големина на фонт

а а а

Новоотвореното кафуле во калифорнискиот град Кембел, во кое келнерките ги послужуваат гостите облечени во долна облека или бикини, ги разбеснило локалните жители.

„Pink Pantherz Espresso“ некои го нарекле „навредливо“ и „одвратно“ кафуле, уште првата недела од неговото отворање.

„Се наоѓа точно помеѓу две основни училишта, недалеку од градинка... Навистина одвратно“, напишала една жена на локалниот форум.

„Ова не е нешто што сакам моите синови да го гледаат. А пак што зборува за нашите ќерки...“, се надоврзала друга.

Некои локални жители тврдат дека ваквата работна облека е „понижувачка за жените“.

„Жените ги користат како сексуални објекти“, рекла една жителка од Кембел, Мариа Монти.

Други сепак немаат проблем со овој локал.

„Ако не сакате тоа да го гледате, едноставно не доаѓајте“, рекол Гери Колуци, од Кембел, кој најавил дека наскоро ќе оди таму за да испие кафе.

„Тие се жени. Имаат право да носат што и да посакаме, сè додека тоа не го прекршува законот. Да станува збор за мажи без маици, никој не би имал проблем со тоа“, истакнала една жена.

Ова не е првпат сопственикот на оваа франшиза на кафулиња да се соочи со такви приговори. Истото се случило кога ги смениле имињата на коктелите во нивните други кафулиња со имиња како „Соблекувач на гаќи“ и „Предигра“.

„Само се смеам на тоа“, рекол Џосе Кармона, сопственикот на сите пет „Pink Pantherz“ кафулиња.

„Сите девојки што работат кај нас, знаат во што се впуштаат. Ако работите во канцеларија и таму постои dress code. Да, јас послужувам пијачки во бикини, но не покажувам ништо повеќе од она што би видело некое дете на базен или на плажа“, рекла менаџерката на кафулињата, Сара Перин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг