Главниот пилот со речиси 20 години искуство бил снимен како спие во кок-питот на "Boeing 747". Секако, го фотографирал копилотот.
Видео-снимката се појавила само неколку дена откако авио-компанијата "China Airlines" го прекинала 7-дневниот штрајк поради прегустиот распоред на пилотите.
Лидерите во авио-компанијата велат дека снимката настанала пред пилотите да стапат во штрајк, а очигледно е дека темпото на летање повеќе не можеле да го издржат.
Иако не сакале да го именуваат пилотот, станува збор за еден од најискусните во компанијата, кој е редовно на летови до Токио, Окинава, Сеул и Хонгконг.
Освен што ќе биде отворена постапка против пилотот, ќе биде отворена и против копилотот, кој наместо да го разбуди, решил да го снима.