Русија: Ќе го браниме својот интерес на Арктикот, иако Американците мислат дека го контролираат

Точка

22/02/2019

20:02

1.916

Големина на фонт

а а а

Заменик претседавачот со надворешнополитичкиот одбор на горниот дом на рускиот парламент Андреј Климов, денес изјавил дека Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот и покрај обидите на Американците да го контролираат тој регион.

"Некои земји мислат дека Арктикот е слободен за сите, а тие мислат дека мора да го контролираат, што значи - "ако е слободен, тогаш е наш". Ние имаме наши вооружени сили, за да ги заштитиме нашите легитимни интереси", рекол Климов. 

Тој рекол дека постојат меѓународни правила со кои е регулирана употребата на копно и море, а дека Русите одамна докажале, со население, геологија и географија, кои области мора да гравитираат под Руската Федерација.

Климов, исто така, потсетил дека Русија на делечниот север поседува воени единици со кои може да ги заштити своите права.

Причината за ваквата изјава е фактот дека Русија се подготвува да почне да го користи Североисточниот премин, кој е најкраток пат меѓу Северна Европа и земјите на Далечниот исток.

Тој истакнал дека активноста на Русија во овој премин ќе има силно влијание на сите трговски и економски токови во Евроазија, за што Американците не се заинтересирани.

"Tass" потсетува дека американскиот адмирал Џејмс Фого, кој командува со американските морнарички сили во Европа и Африка, изјавил претходно дека Арктикот мора да остане слободен и отворен простор, како и вселената.

Генералот на американските Маринци и шеф на здружениот штаб на вооружените сили на САД, Џозеф Данфрод, изнел тврдење дека Русија го шири своето воени присуство на Акртикот и дека САД не ја отфрла можноста овој регион да стане конфликтна зона во иднина.

Москва ги демантирала наводите на Данфорд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг