Судир на гиганти на море: Еден крузер скршнал од курсот во многу раздвижено пристаниште, патниците беспомошно гледале

Точка

22/02/2019

19:39

3.815

Големина на фонт

а а а

Моментот на судирот на двата крузери пред многу раздвиженото пристаниште бил фатен на снимка.

Капетанот на бродот "MSC Orchester Liner" со капацитет од 2.500, наводно ја изгубил контролата додека се обидувал да влезе во пристаништето на Буенос Аирес. Патниците во безбедносните чамци загрижено гледале како работ на бродот се судира со балконот на "MSC Poetics", предизвикувајќи штета. 

На снимката луѓето се слуша како врискаат: "Не, не, не", додека бродовите се судирале. Скршените делови од двата брода паднале во морето. Сепак, оштетувањето не било многу големо, па "Orchester" испловил кога завршила истрагата.

Крузерот требало да тргне на 8-дневно крстарење по Јужна Америка, сопирајќи во Бразил и Уругвај.

"На 20-ти февруари 2019-та година во 22:11 по локално време, MSC Orchester тргнал од пристаништето во Буенос Аирес. Поради причините кои ги истражуваме, бродот отстапил од својата насока со маневарско излегување од пристаништето и лесно удрил во предниот дел на MSC Poetics, кој бил усидрен. Иако некои патници тоа можеле да го забележат, никогаш немало ризик за гостите и екипажот на бродот, и немало влијание на околината", вели портпаролот на компанијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг