Се огласи „љубовницата“ на Тристан Томпсон: Џордин Вудс проговори за нивната афера

Точка

22/02/2019

19:30

7.132

Големина на фонт

а а а

Поранешната најдобра пријателка на Кајли Џенер, воедно и жената со која Тристан Томпсон по вторпат ја изневери Клои Кардашијан, кажала што мисли за скандалот во кој моментално се наоѓа.

Два дена откако јавноста дозна за нејзината афера со таткото на детето на Клои Кардашијан, Џордин Вудс се појавила на свечениот ручек по повод лансирањето на нејзината линија на вештачки трепки во соработка со брендот Eyelure, и ја искоментирала новонастанатата ситуација.

„Покрај сè што се случува, знаете дека сè е реално, а Eyelure трепките се супер реални“, изјавила Џордин на настанот и дополнително ги разбеснила фановите на семејството Кардашијан со ублажување на фактите и со несмасното справување со темата за квалитетот на нејзините вештачки трепки.

Кај фановите исто така предизвикала бес и со самото појавување на настанот и покрај скандалот кој сама го создала, што многумина го сфатиле како дополнителна дрскост кон семејството Кардашијан-Џенер, кое во изминатите години направило многу за неа.

Џордин, меѓу останатото, живеела со Кајли Џенер и нејзината ќерка Сторми, додека Кајли, како што пренесува Cosmopolitan, ја избркала од нивната заедничка куќа кога дознала за аферата.

Покрај сè, се појавија и нови гласини кои откриваат дека Џордин, кога се сплеткала со тогаш зафатениот Тристан Томпсон, била во врска со кошаркарот Девин Букер, кој после скандалот наводно ја оставил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг