Во изминатиов период супер актуелни се Мауро Икарди и неговата сопруга, агент Ванда Нара, а кога се тие во прашање секогаш тука е и Макси Лопез.
Сите кои подолго време ги пратат случувањата добро ја знаат приказната на овие тројца, односно фактот дека Макси и Нара беа во брак за да потоа Икарди кој беше најдобар пријател на Лопез се заљуби во Ванда за да денеска тие двајца се заедно и имаа семејство. Токму поради ова некогашниот член на Барселона, Милан и многу други италијански клубови секогаш биде актуелен кога ќе се спомене двоецот Ванда-Икарди, па затоа новинарите побараа негов коментар за сите нови случувања, а тој директно, отворено одговори:
-Мислам дека Ванда е малку преарогантна за Италија. Многу е потешко да се преговара со директорите во Италија отколку во Аргентина. Италија е поинаква, -рече Лопез кој се осврна на сегашната сага во Интер,.
-Мислам дека сега директорите на Интер треба да го „наранат“ егото на Ванда и начинот на кој таа ги врши работите, а фактот дека Икарди не е во формата од минатите сезони ја компликува работата. Добрите агенти ја прават разликата, тие знаат да читаат ситуации како оваа, знаат кога да притиснат, кога да зборуваат и кога да молчат. Мислам дека играч со неговите квалитети треба да биде застапен со агент од тоа ниво. Ванда побара и мене да ми биде агент, но јас не се согласив. Сакав да го сочувам семејството, хармонијата, сакав да ги поделам работата и семејството, -дополни искусниот напаѓач кој воедно призна дека ретко ги гледа неговите деца.
-Сега не можам да си ги видам децата, понекогаш не ми дозволуваат да зборуваме на телефон. Ги видов на неколку часови во јануари, откако добив специјална дозвола од Васко Де Гама. Мојот однос со Ванда е тежок, нема хармонија. Ние неколку години разговараме само преку адвокат, зашто сето тоа е прекомпликувано. Мауро има идентичен став како неа, па дури понекогаш и полош. Затоа и не сакав да останам во контакт со нив. Нивното однесување е секогаш исто. Јас искрено мислев оти ќе сфати некои работи кога ќе стане татко, ама тоа не се случи. На пример вчера му беше роденден на мојот син, а тие ме нападнаа по телефон. Каков однос може да имате со такви луѓе, -заврши Аргентинецот кој сега го брани дресот на Васко Де Гама.