Салах призна: Има притисок, и ние сме луѓе…

Дерби

22/02/2019

19:04

1.569

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите поединци во таборот на Ливерпул, Мохамед Салах отворено призна дека се повеќе и повеќе се чувствува притисокот како што ближи крајот на оваа сезона.

„Црвените“ се на второто место во Премиер лигата поради послабата гол разлика од Манчестер Сити, но имаат и натпревар за доигрување што значи ако остварат позитивен резултат во дербито со Манчестер Јунајтед можат одново да дојдат на врвот во шампионатот.

Секако голема помош за да тоа се оствари може да даде Мохамед Салах кој сезонава има постигнато 17 голови во елитното англиски друштво. Тој верува дека како на овој така и на останатите мечеви Ливерпул може да слави, ама и дека постои притисок кој тимот ќе мора да го издржи ако сака успех и конечно да ја освои Премиер лигата.

-Можете да го почувствувате [притисокот], затоа што се уште сте човечко суштество. За мене тоа не е голема работа дали сега сум победил или пред три недели. Сакам да славам на секој натпревар, ама веќе кажав ние играме во ПЛ така што има притисок. Исто така, има притисок и за Манчестер Сити. Во ноември реков дека има притисок и ќе биде така до крајот на сезоната, бидејќи кога играте за Премиер Лигата мора да прифатите дека постои притисок. Кога ќе отидете дома, можете да го однесете со себе, но може да ви помогне да работите уште понапорно и да се фокусирате на вашата игра. За мене не е доволно само да уживате. На крајот од денот имате цел во вашата глава, имате сон, сакаате да ја освоите Премиер лигата. Јас дури кажав пред две години кога дојдов – сон е да се освои Премиер Лигата, -истакна Салах во разговорот со Џејми Карагер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг