Шведски пратеник: Станавме тоа што беше Аргентина за нацистите, невестите на џихадистите нека скапуваат таму каде што се

Точка

22/02/2019

18:56

4.001

Големина на фонт

а а а

Шведска станала прибежиште за џихадистите, како што Аргентина била за нацистите по Втората светска војна, изјавил пратеникот на шведската Партија на умерената коалиција, Ханиф Бали. Тој во текот на телевизиската дебата на тема враќање на џихадистите во Шведска, рекол дека шведските политичари би требало да им се извинат на граѓаните што донеле не закон против тероризмот пред неколку години и дека сега е доцна за нешто такво.

"Шведска стана тоа што беше Аргентина за нацистите. Дури по Втората светска војна ретроактивно бил донесен закон и нацистите биле осудени. Доколку тогаш на власт била моменталната шведска влада, ниеден нацист немало да биде осуден", истакнал Бали. 

Тој го критикувал пасивниот став на шведските власти кон екстремизмот и благите закони кои им овозможуваат на терористите да минат неказнети. Шведскиот пратеник му рекол на портпаролот на Партијата на зелените, Расмус Линг, чија партија била дел од владата во текот на мигрантската криза, дека џихадистите патуваат веќе неколку години, а дека властите не направиле ништо. Бали вели дека е навредливо што постојат луѓе чии родители биле убиени од џихадисти, како и народ во бегалските кампови, а дека властите наместо на нив, одбираат да им помогнат на терористите.

Политичарот нагласил дека на џихадистите треба да им се отежне враќањето во Шведска и дека тие повеќе немаат право да се нарекуваат Швеѓани. Кога станува збор за невестите и вдовиците на џихадистите кои претходно отишле во Сирија, а сега сакаат да се вратат, Бали рекол дека би требало да се остават таму каде што се.

Шведска во последните неколку години била највеликодушна земја во ЕУ кога станува збор за миграцијата. Од 2013-та година Шведска прифатила 810.000 имигранти. Околу 150 терористи на ИСИС кои шведските медиуми ги нарекуваат странски борци, заедно со околу 50 членови на нивните семејства, и натаму се наоѓаат во Сирија. Многу нацисти по Втората светска војна побегнале во Латинска Америка, а Аргентина за нив станала едно од најголемите прибежишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг