Јасно и гласно: Пет моќни реченици кои жените сакаат да ги слушнат за време на сексот

Точка

22/02/2019

17:52

8.259

Големина на фонт

а а а

Меѓу останатото, и зборовите можат да бидат моќен афродизијак во креветот. Секој има свои желби кога е во прашање сексот, но овие пет реченици без сомнеж ги посакува секоја жена.

1. Кажи ми што сакаш.


Митот за тоа дека мажите треба да ги читаат нашите мисли кога е во прашање сексот, одамна го заборавивме. Ако сакаме нешто, тогаш треба да го кажеме тоа, а уште поубаво е кога мажот сам покажува интерес за да ѝ пружи задоволство на својата партнерка.

2. Да, имам презерватив.


Самосвесните жени сами ќе се погрижат за контрацепција, но секогаш сакааат да знаат дека и нивниот партнер води сметка за тоа и дека е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.

3. Дали ти се допаѓа тоа што го правам?


Срамежливите жени можеби нема веднаш да му дадат до знаење на партнерот што најмногу им одговара. Поради тоа, ова едноставно прашање ќе припомогне за мажот да дознае дали жената се чувствува добро или не.

4. Го обожувам твоето...


Сите понекогаш се чувствуваме малку несигурно за време на водењето љубов, па секогаш е добро да чуете што најмногу му се допаѓа на партнерот кај вас и на што не може да се насити. Таков искрен комплимент во интимните моменти им ја подига самодовербата на жените.

5. Неверојатна си.


Мажите обожуваат кога жените ќе ги пофалат нивните сексуални вештини, но зошто тие да не ги пофалат и вашите? Квалитетниот секс е двонасочен процес, во кој исто така мора да владее еднаквост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг