Ги покривале хеликоптери и војници: Американската коалиција ги извлекла џихадистите на ИСИС од Сирија, а еве каде ги одвеле и ги пуштиле на слобода

Точка

22/02/2019

17:41

8.772

Големина на фонт

а а а

Иако некои западни медиуми тврдат дека американските сили обезбедиле евакуација на цивили, жени и деца, од последната енклава на терористите од ИСИС од селото Багуз на североистокот на Сирија, курдските борци и Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон потврдиле дека во 50-те камиони всушност имало стотици поразени џихадисти.

Објавено било и видео кое потврдува дека не станува збор за хуманитарна операција за евакуација на цивили, туку планско префрлање на терористи и членови на нивните семејства во соседен Ирак. 

Илјадници луѓе, во главно семејства на џихадисти, ја напуштиле Сирија минатите седмици. Во вторникот во Багуз влегле курдските Сириски демократски сили, кои, во соработка со арапските борци, заробиле неколку преостанати групи терористи.

Курдските извори потврдуваат дека во конвојот кој го покривала американската коалиција до границата со Ирак, имало голем број на терористи на ИСИС. Во видеото, кое вчера го објавила Сириската опсерваторија, се гледа конвој од повеќе од 50 камиони.

Сите припаѓаат на таканаречената меѓународна коалиција и пренесувале околу 2.000 луѓе, меѓу кои и 180 терористи, во пустинските подрачја на западната ирачка покраина Ал Анбар.

##https://twitter.com/RojavaCudi/status/1098202260495101952##

Опсерваторијата навела дека во текот на евакуацијата на џихадистите од Багуз неколку воени хеликоптери на американската коалиција и нивните сојузници спроведувале летови за да обезбедат сигурен премин за терористите. Американската коалиција, која нема дозвола ни од Дамаск ни од ОН за делување во Сирија, префрлила неколку лидери на ИСИС во Ирак и во Авганистан.

Оваа последна евакуација била изведена откако земјите членки на ЕУ го одбиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги прифатат своите државјани кои се бореле на страната на ИСИС, а ги заробиле американските сили.

Освен тоа, CNN на почетокот на седмицата јавил дека повеќе од 1.000 терористи на ИСИС веројатно побегнале од Сирија во планините и пустините на западен Ирак и дека со себе понеле околу 200 милиони долари во кеш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг